Вилшир останува во Лондон, но, не и во Арсенал

by
1 минути читање

Вест Хем е близу
договор со Џек Вилшир откако неговиот договор со Арсенал истече ова лето, обете
страни не најдоа заеднички јазик за тој да остане во клубот, па така може да се
случи да остане во Лондон, но, не и во редовите на Топчиите.

Скај Спортс
пишува дека Вилшир е најблиску до Вест Хем, веќе се водат преговори помеѓу
двете страни, а истовремено интерес за Англичанецот пристигнува и од Фенербахче,
каде настапува нашиот репрезентативец Елиф Елмас.

Вилшир се
приклучи на младинскиот погон на Арсенал во 2001. година, професионален договор
потпиша во 2008. година, а 26 годишниот фудбалер на два пати беше испраќан на
позајмица, во Болтон, односно Борнмут.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани