Според
неофицијалните информации кои пристигнуваат, доколку сите работи околу
трансферот на Џанлуџи Буфон се одвиваат во позитивен правец, тогаш францускиот
прволигаш своето големо засилување ќе го промовира во понеделник.
Дотогаш,
информациите велат дека токму денес легендарниот италијански голман треба да го
даде конечниот свој одговор адресиран до челниците на ПСЖ.
Утрово, Буфон
заедно со својот агент Силвано Мартина пристигнал во Франција, а со тоа треба
да следи и финале во преговорите помеѓу обете страни.
40 годишниот
Италијанец реши да стави точка на својата 17 годишна соработка со Јувентус на
крајот од изминатата сезона, а во ПСЖ се најавува дека ќе биде број еден на
голманската позиција каде се уште и Кевин Трамп и Алфонс Ареола.
#Buffon à atterri au Bourget cet après-midi en compagnie de son agent Silvano Martina. Il repartira demain après visite médicale et reviendra dimanche. Il sera normalement présenté lundi à 13h00 au Parc des Princes.
— Paris United (@parisunited6) July 5, 2018