Агентот на
Португалецот, Жорж Мендеш по бурата шпекулации за неговиот клиент излезе во
јавноста со коментар, истакнувајќи дека доколку Роналдо замине од Реал Мадрид,
тоа ќе биде само за да започне ново поглавје и предизвик во кариерата, а додаде
дека вечно ќе му биде благодарен на шпанскиот гигант.
Од финансиски
аспект за Јувентус, веќе излезе и една информација дека акциите на Јувентус
скокнаа за цели 22 % во период од само три дена, а со самото тоа вредноста на
италијанскиот првак како клуб од 665 милиони евра порасна на 825 милиони евра.
Нема дилеми дека
самите шпекулации кои го поврзаа Роналдо со трансфер во Јувентус придонесоа
многу за тимот од Торино, но еве кои се последните информации на оваа тема.
Реал Мадрид
наводно нема да има ништо против за Кристиано Роналдо да премина во Јувентус за
100 милиони евра, но, тоа би се случило само доколку Португалецот јавно објави
за својата одлука дека сака да направи трансфер.
Клаузулата од 100
милиони евра е џентлменски договор од јануари помеѓу обете страни, а повеќе
медиуми, меѓу кои и Марка пишуваат дека Реал Мадрид сака да биде настрана во
однос на оваа одлука, за да не биде вперен прстот кон тој клуб за евентуално
заминување на најдобриот поединец на Кралевите.
Тоа значи дека
Роналдо треба да одржи пресконференција по која ќе ја објави својата одлука за
заминување од европскиот првак по цели девет години, по што би се преселил во
Јувентус.
Денешното издание
на Марка пренесува дека Роналдо веќе го дал зборот на првиот човек на Јувентус,
Андреа Ањели, но, сега топката е на страната на претседателот на Реал Мадрид,
Флорентино Перез кој треба да даде зелено светло за понудата од 100 милиони
евра.