Од почетокот на
оваа недела, медиумите од Шпанија, Португалија и Италија не престанаа да
пишуваат за преселбата на Кристијано Роналдо во Јувентус. Се верува дека
играчот веќе се има договорено со „Бјанконерите“ и останува само двата клуба да
постигнат согласност, односно „Старата Дама“ да плати 100 милиони евра.
Весникот „Рекорд“ најави дека часови го делат ЦР7 од трансфер во редовите на шампионот на
Италија, а на „Чизмата“ пак се пишува дека Кристијано Роналдо веќе во сабота
ќе пристигне во Торино.
По лавината
шпекулации конечно се огласи и неговиот агент Жорж Мендеш, кој сепак одби да
говори конкретно за Јувентус.
„Доколку Роналдо
замине од Реал Мадрид тоа ќе биде само за да започне ново поглавје и нов
предизвик во неговата брилијантна кариера. Доколку замине, вечно ќе му биде
благодарен на клубот, претседателот, директорите, медицинскиот персонал,
вработените, навивачите и сите мадридисти ширум светот – истакна Жорж Мендеш.