Според
информациите кои ги објави „Дејли Експрес“, се вели дека новиот тренер на
англискиот Премиерлигаш, Арсенал, Унаи Емери, е сериозно заинтересиран својот
тим да го засили со ѕвездата на Мексико од Светското првенство во Русија, Хирвинг
Лозано.
Информациите
велат дека тимот од Лондон веќе стапил во преговори со претставниците на
Мексиканецот, а младиот 22 годишен офанзивец, кој има важечки договор со ПСВ до
2023. година, би можел да биде доведен на Островот за околу 25 милиони евра.
Ќе издвоиме и дека
за услугите на Лозано интерес пријавија и екипите на Барселона, Јувентус,
како и Реал Мадрид.
Арсенал веќе ги
засили своите редови со Бернд Лено, Стефан Лихштајнер, а на пат е и Лукас
Тореира од Сампдорија.