Спектакуларниот
гол со ножички кој Роналдо го постигна на мечот против Јувентус во првиот меч
од четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите, кој Реал Мадрид го доби со 0-3,
веројатно ќе остане во големо сеќавање на љубителите на фудбалската игра.
Сепак, тоа што
беше интересно од средбата во Торино беа аплаузите од трибинскиот простор од
страна на навивачите на Јувентус, кои го наградија фантастичниот Португалец со
аплаузи, а еве што рече тој по мечот кој се одигра во април.
„Не очекував да
постигнам ваков гол, особено не против екипа како Јувентус. Јувентус е голем
тим и ова е незаборавна ноќ. Незаборавна и поради моментот со фановите на Јувентус,
многу им благодарам, грацие… Огромна благодарност до сите навивачи на
Јувентус, тоа што го направивте за мене беше неверојатно, никогаш не сум
доживеал вакво нешто во мојата кариера, многу сум среќен“ рече тогаш Роналдо, а
периодов се шпекулира дека токму Јувентус е неговата следна дестинација во
кариерата.
This says everything…
.@Cristiano acknowledges the pic.twitter.com/gTU3VQ7nzE