Во следните
неколку часа би можела да се реши иднината на Кристијано Роналдо, барем според
пишувањата на Марка. Весникот пренесе дека Жорж Мендеш добил наредба веднаш да се „нацрта“ во Мадрид
на итен состанок со Флорентино Перез. Средбата треба да разјасни дали ЦР7
заминува или останува.
Првиот човек на
Реал не сака да се прави сапунска опера од иднината на својата прва ѕвезда, па планира на средба очи во очи со неговиот агент да ги разрешат дилемите.
Останува да се
види дали Флорентино Перез ќе се обиде да ги „испегла“ разликите, да продолжат
преговорите за нов побогат договор и продолжување на соработката, или пак
дефинитивно да даде амин за трансфер на Кристијано Роналдо во Јувентус, што во
моментов е желба на самиот играч.