Официјално: Интер се поднови со напаѓач од 23 милиони евра

by
0 минути читање

Интер го купи аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез од Расинг за 23 милиони евра.

Тој стави потпис на петгодишен договор и веднаш ќе му се стави на располагање на Лучијано Спалети.

Како и Икарди, тој се најде на поширокиот список на аргентинската репрезентација но не и во тие 23 фудбалери кои отпатуваа во Русија.

Мартинез кој следниот месец ќе наполни 21 година, е центарфор кој игра со двете нози, а може да игра и како втор напаѓач.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×