Во 2011 на
Французинот му беше дијагностициран рак на црниот дроб по што тој веднаш замина
на операција. Една година подоцна, тој одново беше „под нож“ овој пат за
трансплатација на црн дроб.
Тогаш сите
медиуми пренесоа дека братучедот на Ерик Абидал, Жерар е јунакот кој излегол во
пресрет и донирал дел од својот црн дроб. Но утрово „Ел Конфиденсиал“ излезе со
сериозни обвинувања и вели дека сето ова е лага.
Весникот
пренесува дека Барселона, поточно тогашниот претседател Сандро Росељ на црниот
пазар нелегално купил нов црн дроб за Ерик Абидал. Целата приказна дека
братучедот на играчот бил донатор е измислена.
„Ел Конфиденсиал“
објави и четири разговори помеѓу Сандро Росел и непознато лице кои биле
пресретнати од полицијата, и во нив поранешниот претседател на „Каталонците“
признава дека на нелегален начин е стигнато до црниот дроб за Ерик
Абидал.
„Му кажав на
Абидал, седиш тука и разговараш со мене само поради тоа што некој ти купи црн
дроб, разбираш?“ – се вели во еден од разговорите.
Барселона и
играчот во овој момент се немаат огласено, но извори блиски до нив за
каталонските весници Спорт и Мундо Депортиво категорично ги негираат
обвинувањата.