Од Спортинг Лисабон со реакција: Михајловиќ имаше пробен период од 15 денови

by
1 минути читање

Спортинг Лисабон
го отпушти Синиша Михајловиќ по само 9 денови откако го назначи, сево ова доаѓа
по промените кои се случија во клубот каде настапува нашиот репрезентативец
Стефан Ристовски.

Соуза Синтра,
првиот човек на португалскиот прволигаш на таа позиција го наследи Бруно де
Карваљо, човекот кој го доведе српскиот стратег, а тој тврди дека Михајловиќ
бил на пробен период и дека клубот ја искористил опцијата да ја прекине
соработката.

Михајловиќ имаше
пробен период од 15 денови, ние нема да му платиме 10 милиони евра отштета.
Штом дојде во клубот, веднаш почна да прави грешки, сакаше да ја промениме
локацијата на подготовки и да платиме 300.000 евра повеќе
“ рече Синтра во
изјава за португалските медиуми.

Немам ништо
против него лично, но, никогаш ништо не освоил…
“ додаде тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани