Ливерпул ја заврши најважната работа во преодниот рок, потпиша нов договор со Салах!

by
1 минути читање

Ливерпул утринава потврди дека потпишале нов договор со Мохамед Салах.

„Ливерпул може да потврди дека Мохамед Салах потпиша нов долгогодишен договор со клубот“, стои во соопштението на „црвените“, според медиумите се работи за договор со 2023 година.

Салах имаше неверојатна сезона во Ливерпул постигнувајќи 44 голови во 52 настапи во сите натпреварувања. Со што стана втор играч во историјата на клубот со најмногу погодоци во една сезона, прв е Јан Раш со 47.

Салах беше најдобар стрелец во Премиерлигата минатата сезона и прогласен за најдобар фудбалер.

„Потписот на Салах покажува две работи многу јасно, неговата верба во Ливерпул и нашата верба во него. Ние сакаме талентите од светска класа да го имаат Енфилд како место каде ќе ги исполнат нивните професионални соништа и амбиции и заедно работи да го оствариме тоа. Кога некој како Мо Салах ќе ја продолжи верноста и ќе рече дека ова место е негов дом, тоа зборува гласно. Најдоброто од Салах е дека тој никогаш не се гледа себеси како поважен од било кој друг во тимот. Неговите индивидуални награди дојдоа бидејќи тој е дел од нешто големо кое е посебно“, вели Клоп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани