Арсенал го награди Дени Илиев со нов договор

by
0 минути читање

Струмичанецот кој пристигна во Арсенал во 2012 останува дел од „Топчиите“. И покрај тоа што имаше промена на кормилото, Унаи Емери го замени Арсен Венгер, клубот од Северен Лондон решија да ја продолжат соработката до Дејан Илиев.

Арсенал попладнево соопшти дека 23 годишниот Македонец добил нов договор, со трајност до 2020.

Минатата сезона, Дејан Илиев стандардно бранеше за У23 тимот на „Топчиите“ кој стигна до титулата во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани