Палермо остана во Серија Б, но Илија Несторовски следната сезона нема да игра во италијанската втора лига, според весник од Сицилија тој ќе се пресели во Премиерлигата, но името на клубот се уште е во тајност.
„Збогум Илија. Палермо работи на голем трансфер и Несторовски е подготвен да одлета во Италија. Неколкуте понуди кои пристигнаа од Италија не беа со потребната сума, бидејќи формата на Македонецот падна пред крајот на сезоната и беше под очекувањата. Откако одби 15 милиони минатата година, Зампарини во Премиерлигата најде вистинска дестинација за напаѓачот. Името на клубот е во голема тајна во моментов, Палермо веќе се договорил со англискиот клуб, останува уште играчот да се договори за трансферот да стане официјален. Напаѓачот во моментов е на одмор во Турција, по враќањето треба да одговори на понудата од Англија. За него се интересираат и Џенова и Болоња, но во моментов се далеку од понудата на англискиот клуб“, пишува „Џорнале ди Сицилија“.
Во минатото се шпекулираше дека Евертон се интересира за Несторовски, па можеби тоа е неговиот иден клуб.