125
Поранешниот
фудбалер на Тотенхем и Црвена Звезда, Горан Буњевчевиќ, почина на 45 години, претходно,
на 19 мај доживеа излив на крв во мозокот, оттогаш па наваму, неговата состојба
беше критична, а тоа доведе до тажна вест која ги потресе големите љубители на
фудбалот на овие простори.
Буњевчевиќ беше
спортски директор на фудбалската репрезентација на Србија, во својата кариера
играше во Црвена Звезда, а потоа се пресели во Тотенхем, каде мина пет сезони,
односно до 2006. година, а обавуваше и функција на спортски директор во Црвена
Звезда.
Долгогодишниот
капитен на белградскиот тим запиша 16 настапи за екс Југославија.