Египет беше едно
од најпријатните изненадувања во квалификациите за Светското првенство, но, на
турнирот во Русија не прикажа тоа што го умее, па со максимални три порази во
групата, од Уругвај, Русија, па дури и Саудиска Арабија, предвреме си ги
спакува куферите.
По настапите на
турнирот, Салах се врати во својот дом во Египет, каде сакаше да мине одреден
период со своите најблиски, но, вчера се соочи и со мали проблеми.
На социјалните
мрежи едно лице ја објавило неговата адреса, веста за тоа каде е Салах брзо се
раширила низ Египет што доведе до ситуација да пред неговиот дом се најдат
стотици негови фанови.
Сево ова доведе
до сообраќаен метеж во тој дел од главниот град на Египет, Каиро, по што морала
да интервенира полицијата, со чија помош ѕвездата на Ливерпул излегла од својот
дом за да оди со своите најблиски на некое друго место, застанал само неколку
минути за да се фотографира со своите фанови и да им подели автограми.