По 13 години
поминати во Манчестер јунајтед, Вејн Руни минатото лето се врати во клубот од
детството, но неговиот втор престој на Гудисон Парк траеше една година.
Откако со месеци
се најавуваше дека напаѓачот кариерата ќе ја продолжи во МЛС шампионатот во
САД, попладнево конечно пристигна официјална потврда. Ди Си јунајтед соопшти
дека Англичанецот ставил потпис на три ипол годишен договор.
„Фантастично е
тоа што пристигнувам во Ди Си јунајтед во еден ваков возбудлив период од историјата
на клубот, за некоја недела ќе се отвори новиот стадион“ – вели Вејн Руни. „Со преселба
во САД и МЛС ми се оствари уште една амбиција во кариерата. Имам глад да бидам успешен и ќе
го дадам максимумот како што сум го давал за секој клуб“.
Трансферот
официјално ќе се реализира на 10. јули, кога ќе се отвори преодниот рок, а Вејн
Руни своето деби ќе го има на 14. јули, кога ќе биде отворен новиот „Ауди Филд“
со капацитет од 20.000 гледачи.