22 годишниот Шпанец го привлече вниманието откако изминативе две сезони
прикажа одлични партии во дресот на „Кралевите“. И покрај тоа што многумина го
гледаат Марко Асенсио како следната ѕвезда на Реал Мадрид, Флорентино Перез има
други планови и сака Нејмар да биде играчот број 1 на Сантијаго Бернабеу.
Па затоа често се шпекулира за иднината на Марко Асенсио, а последните гласини
велеа дека Ливерпул е подготвен да плати неверојатни 180 милиони евра за
неговите услуги. Шпанецот попладнево се појави на прес конференција и ги
прокоментира ваквите стории.
„Се појавија гласини за интерес од страна на Ливерпул, но јас сум фокусиран
само на Светското првенство. Кога ќе заврши мундијалот, ќе му ја мислам за ова. Во моментов на ум имам само една работа, како да и помогнам на репрезентацијата
да има успешен настап во Русија“ – вели Марко Асенсио.
Со ваква изјава, играчот практично не ја отфрли можноста за трансфер, па
многумина велат дека тој ја оставил отворена вратата за Ливерпул и може да се
случи трансфер бомба во следните месеци од летниот преоден рок.