Трансферот на
Набил Фекир во Ливерпул пропадна, а францускиот репрезентативец се согласил за
неделна плата од 140,000 фунти во тимот од Енфилд, но, ништо од тоа не се
реализираше на крајот.
Жан-Мишел Ауљас,
претседателот на Лион откри дека ривалот на Ливерпул во Премиерлигата, Манчестер
јунајтед има интерес за францускиот репрезентативец, тој тврди дека имал долги
разговори со Жозе Мурињо откако пропаднал трансферот на Фекир во Ливерпул.
„Бев со Мурињо
наредниот ден, имавме долг разговор“ издвои Ауљас.
„Лично, јас не
сум повеќе во преговори со Ливерпул. Во овој момент сме во ичекување Франција и
Набил да имаат фантастичен настап на Светското првенство“ додаде тој.
Фекир, кој
ланската сезона постигна 23 погодоци во дресот на Лион, беше голема желба за
Ливерпул од поодамна, а наводно во текот на медицинските прегледи на
фудбалерот Премиерлигашот два пати подразмислил дали да се офизицијализира тој трансфер.