Ништо од планот
на „Сицилијанците“ за експресно враќање во Серија А. Иако стигна до предност
од 2-1 на првиот натпревар, Палермо вечерва загуби со 2-0 на гостувањето кај
Фросиноне во реваншот.
На полувремето беше
0-0, резултат кој му носеше на Палермо промоција, но веќе на стартот
од вториот дел, Мајело постигна прекрасен гол од далечина за огромна радост на
домаќините.
Потоа следуваше
контроверзна одлука на судијата на штета на „Сицилијанците“. Коронадо беше
фаулиран на работ на шеснаесетникот, судијата најпрво досуди слободен удар, па ја преиначи одлуката и покажа на белата точка, но по расправијата и објаснувањето со двата табори играчи,
се предомисли уште еднаш и се врати на првичната одлука, односно слободен удар.
Од повторените
снимки се виде дека прекршокот е на линијата што значи дека е пенал, но во
Серија Б нема ВАР, па „Сицилијанците“ беа оштетени.
Во финишот од
мечот имаше нов голем хаос, публиката и резервите на Фросиноне фрлаа екстра топки
во теренот за да ги спречат обидите на Палермо да изедначи, а кога гостите тргнаа
со сите сили во напад, Чиано по една контра погоди за 2-0 во 97. минута.