Арсенал тргна, но веројатно ќе застане? Челси одби 20 милиони евра за Давид Луиз

by
1 минути читање

Арсенал наводно
испратил понуда вредна 20 милиони евра за дефанзивецот на Челси, Давид Луиз, но
истата била одбиена од страна на тимот од Стемфорд Бриџ.

Според
информациите, Топчиите по ова не се одлучни дали да одат до крај за да го
добијат потписот на 31 годишниот Бразилец кој од поодамна го загуби
првотимскиот статус кај Антонио Конте, откако во изминатата сезона стартуваше
само на девет натпревари во Премиерлигата.

Нема сомнение во
тоа дека Луиз во Арсенал би имал поголема минутажа отколку во Челси каде
конкуренцијата во дефанзивната линија е голема.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани