Поранешниот прв
оперативец на италијанскиот првак Јувентус, Лучијано Моџи открива дека Сергеј
Милинковиќ-Савиќ и Жоао Кансело ќе се приклучат на Старата Дама ова лето.
„За Кансело
ситуацијата е ваква – Тој сака да се пресели во Јувентус, а Јувентус го
посакува него“ вели Моџи.
„Што се однесува
пак до случајот со Милинковиќ-Савиќ, веќе е поставена сумата околу тоа колку
Лацио ќе добие обештетување, тој исто така ќе се пресели во Јувентус“ додаде
тој.
Јувентус и Лацио
се во преговори за српскиот репрезентативец, а тимот од Рим за својот фудбалер
бара повеќе од 100 милиони евра.
Познато е дека
Србинот истовремено е цел на англискиот гигант Манчестер јунајтед, па, доколку
се остварат најавите на Моџи, тоа би било голема победа на Јувентус.