Реал Мадрид синоќа објави дека Лопетеги ќе им биде тренер по крајот на Светското првенство, а тоа не им се допадна на челниците на Шпанската фудбалска федерација кои уште денес му врачија отказ а на негово место го назначија Фернандо Јеро.
Сеск Фабрегас не доби повик од Лопетеги за настап на Светското првенство, па фудбалерот на Челси на некој начин се ситеше на оваа помалку комична одлука.
Фабрегас за време на Светското првенство ќе биде стручен аналитичар на БиБиСи, па Гери Линекер кој веќе работи таму, го постираше линкот од отказот на Лопетеги и напиша: Ова ќе му го дадеме на Фабрегас да го прокоментира на своето деби како аналитичар.
На ова Фабрегас возврати: „Чекај, можеби сега ќе добијам повик“.
Wait, maybe I get a call up now! https://t.co/4InwsavXZa
— Cesc Fàbregas Soler (@cesc4official) June 13, 2018
Еден час подоцна, Фабрегас имаше и посериозна изјава, рече: „Ова е тешка ситуација за нас во моментов, и сега повеќе од било кога треба да ја поддржуваме репрезентацијата без запирање. Верувам во талентот и менталната подготвеност на овој тим, сигурен сум дека можат да одат многу далеку и да се борат за титулата. Многу среќа момци“.