Реал Мадрид го потврди новиот тренер и ги изненади сите

by
1 минути читање

Актуелниот селектор на Шпанија, Хулен Лопетеги ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид по завршувањето на Светското првенство.

Реал Мадрид го потврди изборот преку својот веб сајт и ги изненади сите, бидејќи името на Лопетеги речиси и да не се споменуваше меѓу можните кандидати.

„Хулен Лопетеги ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид по Светското првенство 2018 во Русија. Тој ќе биде тренер во наредните три сезони“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.

Лопетеги две години го води националниот тим на Шпанија, поради новата ситуација „Црвената фурија“ ќе треба да избере нов селектор по Мундијалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани