Тројца членови на
експедицијата на Португалија во Русија побараа раскин на договорот со Спортинг
и ги алармираа гигантите ширум Европа. Па иако пред „Селесао“ е стартот на
Светското првенство и важен дуел со Шпанија, на денешната прес конференција главни
беа прашањата за иднината Желсон Мартинс, Вилијам Карваљо и Бруно Фернандеш.
Жоао Марио беше
тој кој одговараша, а фудбалерот од средниот ред имаше само мал совет до своите
колеги од репрезентацијата.
„Немојте да сте
отишле во Италија, Серија А не треба да ја земете во предвид!” – вели Жоао Марио, кој пред две
години направи богат трансфер од Спортинг во Интер вреден 50 милиони евра, но
се покажа како големо промашување и во јануари беше испратен на позајмица во
Вест Хем.
„Сепак, ова не е
прашање за овој момент. Целата група е фокусирана на она што е важно, а тоа е
мечот со Шпанија во петок“.