Жан Мишел Сери е
доста интересен фудбалер за повеќе европски гиганти, а за неговиот потпис
голема битка водат Арсенал, Челси и Манчестер Сити, од поодамна тој беше и
опција за Барселона, но, тој трансфер пропадна во последен момент во ланскиот
летен преоден рок.
26 годишниот
фудбалер од Брегот на Слоновата Коска има договор со Ница до идното лето, па
доколку францускиот прволигаш сака да заработи на него, тоа може да го стори
летово.
Агентот на
фудбалерот, Френклин Мала, во изјава за италијанските медиуми посочи дека
постојат преговори со Наполи, каде шеф на стручниот штаб е Карло Анчелоти.
„Во преговори сме
со Наполи, за него е голем предизвик од идејата да го облече дресот на тој клуб“
рече агентот на Сери.
„Тој навистина
нема ништо против од тоа да игра за Наполи, Карло Анчелоти може да го извлече
максимумот од него“ додаде тој.