112
Во Италија се шпекулира дека Инзаги ќе биде новиот тренер на Болоња и на таа функција ќе биде назначен многу наскоро.
„Сакав да ја внесам Венеција во Серија А. Утре ќе имам состанок со клубот и ќе зборуваме за иднината. Мојот договор истекува и ќе слушнам што има клубот да каже, па ќе видиме што ќе направиме. Венеција ми даде многу, клубот веруваше во мене и мојот стручен штаб“, изјави Инзаги по натпреварот.
Според италијанските медиуми многу поголеми се шансите Инзаги да биде нов тренер на Болоња отколку да остане во Венеција.