Дали барате место
за да ставите облози на некој од подолу наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.
Палермо –
Венеција: Победа или реми за домаќините
Палермо на нашите
Илија Несторовски и Александар Трајковски не успеа да обезбеди директна
промоција во Серија А, па сега преку плеј-офот ќе се обиде да се врати во
првата лига. „Сицилијанците“ се на добар пат да обезбедат место во баражот
откако на првиот натпревар во полуфиналето одиграа 1-1 на гостувањето кај
Венеција. Сега пред своите фанови ќе треба да го потврдат овој добар резултат.
Лидерите на клубот се свесни колкава е значењето на овој меч, па билетите ги
пуштија по намалена цена и се очекуваат 25.000 навивачи на Ренцо Барбера, што
ќе биде нов рекорд оваа сезона. Илија Несторовски целосно ја санираше повредата
и откако доби неколку минути на „Пјерлуиџи Пенцо“ сега сериозно се наметнува за
место во почетниот тим. Но тренерот на домаќините најави дека нема да ризикува
и можно е Македонецот повторно да го започне мечот на клупата. Александар Трајковски,
кој беше стартер на гостувањето во Венеција, веројатно ќе го задржи местото во
форот покрај Ла Гумина. Палермо веќе осум средби нема пораз на домашен терен,
па тоа дополнителни ги прави фаворит на овој меч. Со оглед на тоа дека влогот е
голем, за очекување е тврд натпревар во кој Палермо на крајот ќе се радува на
пласман во баражот.
За да заштедите
време, можете да се обложувате на повеќе сметки со регистрирање на најдобриот софтвер за обложување.
Австрија –
Бразил: Победа на гостите
Австрија е
последниот тест за Бразил пред мундијалот во Русија. Избраниците н Тите во
Виена ќи ги имаат финалните 90 минути за штелување на нишаните. „Кариоките“ се
прв фаворит на Светското првенство, имаа одличен тим, но многу работити ќе
зависат од магијата на Нејмар. Напаѓачот по 99 дена пауза, минатата недела го
имаше кам-бекот на терените и откако влезе во второто полувреме на дуелот со
Хрватска веднаш го раздвижи Бразил и си брилијантен гол ја најави победата. За
денешната средба, Нејмар треба да биде стартер покрај Кутињо, Вилијан и Габриел
Жесус во прилично офанзивен тим. Бразил е голем фаворит, но задачата нема
воопшто да им биде лесна. Австрија можеби не обезбеди пласман на СП 2018, но по
очајните квалификации прикажува сосема солидни партии. Пред една недела го
изненади актуелниот светски шампион и славеше над Германија за прв пат по 32
години. Избраниците на Фода претходно го совладаа и домаќинот на Светското
првенство, Русија, а има и пет победи на последните пет меча. Марко Арнаутовиќ
е главнат аѕвезда во тимот, заедно со Давид Алаба. Овие два тима одиграа
пријателски натпревар и пред четири години, тогаш Бразил триумфираше со 1-2, па
за очекување е „Кариоките“ и денеска да излезат како победници.
Гремио – Америка МЖ:
Победа на домаќините
Во рамките на 11.
коло од првенството на Бразил, пред последно поради паузата за мундијалот во
Русија, Гремио пред своите фанови ќе се сретне со Америка МЖ. Популарните
„Триколори“ ќе се обидат стават крај на лошата серија на домашен терен, каде
веќе три натпревар во низа не знаат за победа. Гремио во овој момент го има
најлошиот скор на домашен терен во цело првенство со само една победа од пет
натпревари. Избраниците на Ренаго Гаучо се сосема солидни на гостувањата, па
оваа форма што поскоро треба да ја прикажат и пред своите фанови за да фатат
приклучок со водечките на табелата. Гремио во моментов е на 7. позиција на
табелата со 16 бода, седум помалку од лидерот Фламенго. Дуелот со Америка МЖ е
идеален за прекинување на серијата со оглед на тоа дека противникот оваа сезона
се уште се нема радувано на победа на гостински терен. Америка МЖ минатата
сезона беше прв во Серија Б, и целта оваа сезона е да се остане во елитата. По
10 кола има 13 бода, сосема солиден учинок, но борбата за опстанок ќе биде
тешка. На последните два дуели Гремио излезе како победник, па и вечерва е
голем фаворит и се очекува трите бода да останат на „Арена“.
Допрете го врвот
и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.