95
Славниот фудбалер
на белградски Партизан и поранешен репрезентативец на Југославија, Фадил Вокри
денеска почина на 57 годишна возраст.
Изминатите десет
години Вокри беше претседател на Фудбалската федерација на Косово, а веста за
неговата смрт ги трогна фановите на Партизан кои ги преплавија социјалните
мрежи со пораки за сочувство, се огласи и српскиот клуб.
„Легендо, почивај
во мир! Твоето црно-бело семејство! Фадиљ Вокри 1960 – 2018“ гласеше пораката од Партизан..
Причината за
неговата смрт засега е непозната, а се шпекулира дека станува збор за срцев
удар, а утре ќе има ден на жалост на Косово.