Марио Геце по
трансферот во Баерн Минхен за момент ги разочара фановите на Борусија Дортмунд,
но тој се врати во редовите на Милионерите откако не успеа да се пронајде себе
си во тимот на Баварците.
Германскиот
репрезентативец кој инаку не е повикан од Јоаким Лев за Светското првенство, издвои која е споредбата помеѓу Пеп Гвардиола и Јирген Клоп, за
едниот истакна дека мисли само на теренот, а за Клоп сосема поинаку.
„Пеп Гвардиола
според техниката беше еден од најдобрите тренери, да се игра под неговото
кормило беше огромно достигнување, но, имам чувство дека тој мисли само на
теренот, сето останато го остава зад себе, меѓу кои и луѓето“ издвои фудбалерот
на Борусија Дортмунд.
„Сето тоа не беше
воопшто лесно за мене, тоа беше така поради фактот што дојдов од клуб каде за
тренер имав личност како Клоп, тој ми беше како фудбалски татко, Пеп беше
комплетно различен од него“ додаде Германецот.