Набил Фекир е
доста актуелен во моментов на Островот, фудбалерот на Лион наводно бил оптимист
за долго најавуваната преселба во Ливерпул, сево ова го открива претседателот
на фудбалската федерација на Франција, Ле Грае.
„Тој е во период
на преговори, мислам дека работата ќе се заврши, минав одредено време со него
утрово и разговарав, тој е фокусиран на Франција, но во однос на тоа што се
шпекулира за него е оптимист“ рече Грае.
Но, од Ливерпул
почнаа да се двоумат за овој трансфер, барем така пренесува Гардијан, истиот
медиум вели дека причината за двоумењето на тимот од Енфилд било загрижувачките
факти за повредите со кои се здобива офанзивецот.
Како за
илустрација, во сезоната 2015/16, Фекир пропушти 39 меча, наредната 3, а
изминатава 7 меча, сите пропуштени натпревари му беа поради повреда.
class="twitter-tweet" data-lang="en">