BET-IBC совети за обложување: Лопетеги против Тунис расчистува неколку дилеми

by
4 минути читање

Бидете број 1 во
обложувачкиот свет и ставете големи облози во Азија.

Шпанија – Тунис:
Победа на домаќините

Шпанија вечерва
го игра последниот подготвителен натпревар пред дебито на Светското првенство.
Мечот ќе се игра во Краснодар, градот во кој ќе биде сместена базата на
„Црвената Фруја“ а ривал е Тунис, противнико кој го одбра селекторот Хулен
Лопетеги поради сличностите со Мароко, ривал на Шпанија од групната фаза.
Стратегот се уште го нема стокмено почетниот тим за мундијалот, па овој меч
треба да му разреши неколку дилеми. Лопетеги има двоумица околу тоа кој да биде
во форот, како и тоа кого да му го довери местото во средниот ред покрај Бускетс
и Иниеста. Родриго, Аспас и Диего Коста ќе се борат за местото во шпицот а и
Марко Асенсио би можел да добие шанса но како лажна деветка, додека пак Коке и
Алкантара конкурираат за местото на центарот од игралиштето. Откако „Црвената
Фурија“ одигра само реми против Швајцарија, вечерва ќе сака да забележи победа
за зголемување на самодовербата. Но задачата нема да биде едноставна, Тунис е
силен противник кој исто така обезбеди настап на завршницата од Светското првенство.
Избраниците на Малул играат во добра форма, пред десетина дена се изборија за
2-2 против Португалија откако актуелниот европски шампион имаше водство од 2-0.
Истиот резултат гласеше и на пријателскиот натпревар против Турција одигра пред
една недела. Шпанија влегува во овој меч како голем фаворит, и за очекување е
светскиот шампион од 2010 да го оправда овој епитет.

Бесплатната платформа за обложување ви овозможува најдобри коефициенти и највисоки граници
и во помали лиги.

Франција – САД:
Повеќе од 2,5 погодоци

„Триколорите“ во
Лион ја имаат последната генерална проба пред мундијалот во Русија. За
противник е избрана селекцијата на САД, која нема да биде дел од собирот на
најдобрите за прв пат по 1986. Дидје Дешам има силен состав на располагање, тим
во кој има разновиден квалитет и тоа му дава на стратегот неколку опции и
можност да експериментира со формациите и поставеноста на теренот. За дуелот со
САД се очекува во нападот одново да се најде триото составено од Жиру, Мбапе и
Гризман, а Пол Погба иако не блеска, ќе добие нова шанса да биде креативецот во
средниот ред, додека пак Канте и Матуиди ќе бидат задолжени за дефанзивните
задачи. Варан треба за прв пат да се најде во срцето на одбрната покрај Умтити
откако доби продолжен одмор по настапот во финалето од Лигата на шампионите со
Реал. Што се однесува до гостите, тие за овој меч имаат прилично млад состав.
По неуспехот во квалификациите, Брус Арена си поднесе оставка, а неговиот
помошник, Дејв Сарачан го превзеде кормилото и тој престана да ги вика
ветераните како Тим Хауард, Клинт Демпси и Мајкл Бредли. Неодамна тимот имаше
просечна старосна граница од 22 години. Со ваков неискусен тим се чини дека САД
нема што да бара вечерва и Франција ќе забележи победа и притоа ќе постигне
неколку погодока.

Србија –
Боливија: Победа на домаќините

Во Грац, Србија
ќе се сретне во Боливија за финиш на подготовките за СП 2018. Избраниците на
Младен Крстајиќ сигурно ќе сакаат да го поправат впечатокот по бледото издание
против Чиле (пораз од 0-1) и со победа да имаат увертира за мундијалот во
Русија. Селекторот на „Орлите“ против Чиле се чини дека малку експериментираше
со тимот па за очекување е вечерва да излезе со најсилен состав, кој веројатно ќе биде и оној истиот и на првиот меч на Светското првенство. Тоа значи во стартниот тим да се
појават Ивановиќ, Матиќ, Милинковиќ Савиќ и Тадиќ. Боливија можеби нема да
патува на Светското првенство, но никако не смее да се потцени. Во Австрија тие
веќе одиграа еден пријателски натпревар против Јужна Кореја и се изборија за 0-0.
Боливија на овој меч покажа дека знае да одигра цврсто и дисциплинирано во
одбрана, па иако Јужна Кореја беше подобар противник и имаше дури 14 удари кон
противничкиот гол, не успеа да ја затресе мрежата. Сепак квалитетот на Србија
треба да дојде до израз попладнево и момците на Крстајиќ со победа да го
подигнат моралот пред да тргнат на пат за Русија.

Дали барате место
за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани