Салах се смее на изјавите на Рамос: Првин ме расплака, сега…

by
2 минути читање

Египјанецот лошо
падна на тревата по еден дуел со капитенот на Реал Мадрид и со солзи во очите
се пресели во соблекувалната по само половина час игра на Олимпискиот стадион
во Киев.

Не само што не
можеше да им помогне на своите соиграчи во битката за трофејот од Лигата на
шампионите, тој сега е неизвесен и за стартот на Светското првенство.

Серхио Рамос, кој
веднаш стана најомразена личност помеѓу навивачите на Ливерпул и оние на
Египет, ова недела се огласи по лавината критики кои пристигнаа на негова
адреса.

Шпанецот истакна
дека Салах бил тој кој прв го фатил за рака, и дека фудбалерот на Ливерпул
можел да продолжи да игра со инекција. Исто така дефанзивецот откри дека
разговарал со својот колега преку смс пораки и Салах бил прилично добро.

Самиот Салах сега
даде свој коментар и во разговор со Марка истакна: „Смешнa ми е верзијата на
Рамос. Секогаш е добро кога оној кој најпрво ќе ве расплаче, потоа ќе ве
насмее. Можеби Серхио може да ми каже и дали ќе бидам подготвен за настап на
мундијалот?“

„Точно е дека ми
испрати смс порака, но никогаш не му кажав дека сум добро
.

За повреда на
рамото, Египјанецот додава: „Сега сум подобар, се надевам дека ќе играм против
Уругвај, но ќе видиме како ќе се чувствувам непосредно пред натпреварот
.

„Она што ми се
случи во Киев беше најлошиот момент во мојата кариера. Кога паднав на тревата
почувствував силна болка и веднаш бев загрижен. Бев исполнет со бес и тага
поради тоа што нема да можам да го доиграм финалето од Лигата на шампионите.
Неколку моменти подоцна ме обзема и мислата дека можеби нема да настапам на
Светското првенство и тоа беше ужасно
.

Запрашан дали
дуелот со Серхио Рамос бил нормален, Салах кратко вели: „Не знам. Можеби?“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани