278
Почнувајќи од сезоната 2019-2020 во Премиерлигата ќе има двонеделна пауза во февруари, потврди ФА.
Англиската лига беше единствена без зимски одмор, па многумина се бунеа поради тоа, сметаа дека тоа е една од причините поради кои не се конкурентни во Европа.
ФА се согласи да ги префрли ФА куп мечевите од петтата рунда во средина на неделата и од сезоната 2019-2020 да не се играат повторени мечеви во ФА купот туку да се воведат продолженија и пенали.
„Ова е значаен момент за англискиот фудбал и веруваме дека ќе биде од корист и за клубовите и за земјата“, изјави Мартин Глен извршен директор на ФА.