Треба ли да му се верува на Лион за реакцијата за Фекир? Ист беше и случајот со Лаказет! (ФОТО)

by
3 минути читање

ЛЕкип пренесе дека Ливерпул и Лион наводно си
подале рака за трансферот на Набил Фекир во англискиот тим, трансфер кој ќе
изнесува 65 милиони евра, а РМЦ утрово напиша дека фудбалерот веќе ги минал
медицинските прегледи, па е во исчекување на резултатите од истите за да се
случи и официјалната промоција.

Сепак, од
францускиот прволигаш ги демантираа сите информации објавени од медиумите во
Франција, но и Англија, испратија порака дека истите се лажни, но, истото се
случи и лани.

Се работи за
трансферот на Александре Лаказет, тогаш во екот на шпекулациите за негов
трансфер во Арсенал, претседателот на Лион, Жан-Мишел Аулас порача дека
напаѓачот нема да си замине од клубот тоа лето, само три дена по неговата
изјава Лаказет потпиша за Арсенал.
Засега многу шпекулации
се поврзуваат со Лион кој има посебни преговарачки методи со заинтересирани
клубови за нивни играчи, очигледно е дека во францускиот клуб знаат добро да
преговараат и да го извлечат максимумот, а постои и теорија дека клубот сака да
го контролира времето на објавување на официјално реализиран трансфер, особено
ова важи за петок како ден, поради движењето на акциите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани