Јирген Клоп го идентификуваше 24 годишниот Французин како идеално засилување за тимот и Ливерпул со недели се обидуваше да ја исполни желбата на Германецот.
Првиот човек на Лион, Жан Мишел Ола вчера испрати провокација, порача дека преговорите се во ќор сокак и навести дека ќе го продаде Набил Фекир по Светското првенство.
Тој очекува и други клубови да загризаат за потписот на Фудбалерот, но Ливерпул не сака аукција па клубот од Енфилд веднаш реагираше и постигна договор.
Според медиумите од Англија се работи за зделка од 55 милиони евра плус додатни 5 милиони евра во бонуси. Додека пак во Франција се говори трансфер од 65 милиони евра плус додатни 7 милиони евра во бонуси.
Иако има разлика во сумата, медиумите од двете земји пишуваат дека Набил Фекир денеска ќе ги помине редовните лекарски прегледи и ќе го копмлетира трансферот за 48 часа.