Бразил важи за
еден од главните фаворити за освојување на светската титула на претсојниот
Мундијал, а Кариоките своето последно „загревање“ пред настапот на тоа
натпреварување во Русија ќе го имаат во недела откако во Виена ќе и гостуваат
на незгодната Австрија која претходно и го зеде скалпот на Германија,
бранителот на светската титула.
Кариоките ја
добија Хрватска со 2-0 во претходната контролка, но од играта јасно беше дека
Нејмар има голема улога во играта на својот тим, па токму тој беше стрелец на водечкиот
гол во второто полувреме откако влезе во игра.
Негативна вест од
подготовките на Бразил е тоа што новајлијата во дресот на Манчстер јунајтед ова
лето, Фред се повреди за време на тренинзите, а на таа повреда и „кумуваше“ Касемиро кој
беше невнимателен во стартот врз него, па во следните 24 часа ќе се знае
неговото враќање.
Сепак, има и една позитивна вест за Кариоките, во почетниот состав
за пресметката со Австрија се најавува првата ѕвезда на тимот, Нејмар, кој
очигледно е подготвен да стартува под кормилото на Тите пред Мундијалот.
Инаку, Бразил на
Светското првенство во Русија е во група заедно со Швајцарија, Костарика и Србија, а отвора
токму против Швајцарија на 17 јуни.