Загрижувачки сцени се случиле на денешниот тренинг на Баерн Минхен, откако на тренерот Винсент Компани ненадејно му се слошило, по што, според медиумските информации, колабирал.
Белгиецот веднаш бил пренесен со амбулантно возило во најблиската болница, каде што требало да му бидат направени детални медицински прегледи за да се утврди причината за неговата состојба.
Од германскиот гигант засега не откриваат многу детали. Клубот најавил дека дополнителни информации за здравствената состојба на својот тренер ќе бидат објавени во наредниот период.
Во меѓувреме, минхенскиот тим го очекува нов предизвик во Бундеслигата. Викендов, во рамките на седмото коло, в недела Баерн треба да гостува кај Фрајбург.