Поразот од ПСЖ не беше единствената главоболка за Ханси Флик, поради повреда тој загуби и фудбалер за големиот Ел Класико дуел против Реал Мадрид.
Дани Олмо заработи повреда на мечот против ПСЖ и нема да биде во комбинација за неделниот Ел Класико.
Барселона стравува дека тој доживеал кинење на адукторот и би можел да паузира сѐ до завршувањето на репрезентативната пауза, пишува „АС“.
Официјалните тестови допрва треба да се направат, но тој сигурно ќе го пропушти мечот со Реал Мадрид.
На тој дуел нема да настапи ниту Ерик Гарсија кој претходно се повреди и околу еден месец ќе биде надвор од терените.
Кунде кој го пропушти мечот против ПСЖ поради повреда, ќе биде подготвен за дуелот со Реал Мадрид, се враќа и Родри кој доби одмор и ќе биде свеж за Ел Класико.