89
Луис Гарсија Плаза беше огорчен по мечот против Реал Мадрид кој неговата Севиља го загуби со убедливи 1-4.
Тој смета дека Арта требало да добие црвен картон и Севиља најголемиот дел од натпреварот да го игра со фудбалер повеќе.
„Судијата требаше да го исклучи Арда Ѓулер. Тоа беше чист црвен картон. Требаше да играме 11 на 10, 70 минути“, вели Плаза и продолжува со забелешките.
„Првиот гол на Мбапе требаше да биде поништен бидејќи имаше фаул од Конате. Не знам зошто ВАР не го повика судијата, можеби затоа што Реал Мадрид не смееше да загуби уште бодови пред Ел Класико. Можеби ако ни дозволеа да победиме, Реал ќе беше девет бода зад Барса“.