Ново разочарување на Јувентус, Лацио го освои Торино и се израмни со Интер (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Јувентус доживеаја вечерва доживеаја пораз пред своите навивачи, откако на домашен терен загубија од Лацио со 0-3 во дерби натпреварот од Серија А.

Римјаните продолжуваат со одличните настапи од почетокот на сезоната, а триумфот во Торино е уште една потврда за нивната добра форма. Лацио во поголемиот дел од натпреварот беше подобар противник и заслужено ги освои трите бода.

Гостите поведоа во 37. минута, кога Постгард ја затресе мрежата на Викарио и му донесе предност на својот тим. Со минимално водство на Лацио се замина и на полувремето.

Јувентус се обиде да возврати на почетокот од вториот дел и во првите петнаесетина минути одигра нешто подобро, но не успеа да ја искористи својата иницијатива и да се врати во натпреварот. Казната за пропуштените можности пристигна во 66. минута, кога Исаксен постигна втор гол за Лацио и практично го реши прашањето околу победникот. Со голот на Делебаширу во самиот финиш гостите од Рим само ставија точка на натпреварот.

По овој пораз, Јувентус останува на осмото место на табелата со 11 бодови по седум одиграни кола. Лацио, пак, со новите три бода стигна до 19 бодови и се израмни со лидерот Интер, продолжувајќи ја трката за врвот во италијанското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×