Фудбалерите на Арсенал забележаа минимална победа од 1-0 на гостувањето кај Нотингем форест, со што повторно ја намалија негативата во однос на лидерот Манчестер сити на три бода.
Првото полувреме мина без поголеми возбудувања и сериозни шанси за гол. „Топчиите“ имаа поголема контрола врз топката, но тоа не се одрази во конкретни закани пред противничкиот гол. Двете екипи во првите 45 минути не успеаја да упатат ниту еден удар во рамките на голот.
Ниту продолжението не донесе значително поинаква слика на теренот, но Арсенал успеа да ја искористи една од ретките можности и да стигне до целиот плен. Човек на одлука беше Нони Мадуеке, кој десетина минути пред крајот го постигна единствениот погодок на натпреварот и му донесе важни три бода на својот тим.
#PL 🏴 : Madueke délivre les Gunners à la 80′ 🤯 https://t.co/YuDBEGvPJ2
— CANAL+ SPORT Afrique (@cplussportafr) October 18, 2026
По оваа победа, Манчестер сити останува на врвот на табелата со 21 бод, додека Арсенал има 18. На третата позиција е Брајтон со 16 бода, кој продолжува да биде најпријатното изненадување на досегашниот дел од сезоната.