Шкендија лесно победи во Автокоманда се врати на врвот!

by riste
1 минути читање

Тетовска Шкендија ги освои трите бода од гостувањето кај Скопје каде победи со 3-1 и повторно е осамена на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига.

Уште на стартот Шкендија покажа дека е дојдена во Автокоманда за триумф. Во 2. минута Красниќи најдобро се снајде во шесенаесетникот и го совлада Наумовски за предност од 1-0.

Не поминаа ни 10 минути, а Шкендија веќе водеше со 2-0. Димоски излезе сам пред Наумоски и ја „закова“ топката во горниот дел од мрежата.

Откако даде два гола, Шкендија се опушти и му ја препушти иницијативата на Скопје. Пред крајот на првото полувреме таквата игра ја искоритсти Ангелов кој намали на 1-2.

На самиот почеток од второто полувреме Тамба постигна гол за 1-3, што беше и конечен резултат на мечот.

Со оваа победа Шкендија е лидер со 23 освоени бода, Струга и Вардар имаат по 20.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×