Почнува вториот круг во ПМФЛ: Брегалница е домаќин на Вардар, Струга гостува на Шкендија Арачиново

by riste
1 минути читање

Денеска почнува 10. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), прво од вториот круг, Шкендија Арачиново на Чаир ќе ја пречека Струга, а Вардар оди на гостување кај Брегалница во Штип.

Денот започнува ранот, уште од 12 часот ќе стартува мечот меѓу Шкендија Арачиново и Струга.

Стружани во минатото коло доживеаа неочекуван пораз против Башкими во Куманово, па денеска ќе се обидат да покажат дека тоа беше само лош ден, а не и пад кој ќе трае.

За разлика од Струга, Шкендија Арачиново со голема самодоверба ќе излезе на денешниот меч, тие во минатото коло одиграа реми против лидерот Шкендија Тетово. Арачиновци котираат високо, се наоѓаат на петтата позиција на табелата и се најпријатното изненадување во досегашниот дел од сезоната.

Два часа подоцна, од 14:00 ќе почне натпреварот меѓу Брегалница и Вардар.

Вардарци резултатски се консолидираа во последните натпревари, дојдоа на само три бода до врвот, имаат три победи на последните четири натпревари.

Брегалница игра променливо, непредвидливо, подобра е на домашен терен отколку на гости, но во денешниот натпревар ќе влезе како аутсајдер кој ќе се обиде да го изненади фаворитот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×