Димитриевски: Треба да се подобриме и да го израдуваме нашиот народ!

by riste
1 минути читање

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, вели дека треба да се фокусираме на следните натпревари.

Македонија ги загуби сите три меча од оваа сезона во Лигата на нации, на овие дуели имаме само еден шут во рамките од голот на противникот, гол не дадовме.

„Дефинитивно дека ние имавме грешки во дефанзива и треба да се подобриме и да поработиме повеќе на се за да може да играме во оваа група Б. Знаеме дека ова се фантастични противници коишто во групата Б те казнуваат многу брзо ако не си на нивно ниво.

Во оваа група Б има навистина добри противници. Имаме уште три натпревари да покажеме дека можеме да се носиме, да се покажеме во подобро светло.

Во овој момент треба да гледаме само нанапред, зошто завршеното е веќе завршено. Ние нема да се откажеме, ќе се бориме и ќе дадеме се од себе на секој следен натпревар. Се надеваме дека ќе одиграме подобри мечеви и ќе го израдуваме нашиот народ“, рече Димитриевски за ТВ Арена Спорт Македонија.

Следниот натпревар на Македонија е веќе утре (вторник) на гостински терен кај Швајцарија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×