Седлоски: Треба да учиме, ова е процес!

by riste
1 минути читање

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, вели дека нема да се откаже од процесот на градење на тимот и покрај црната серија.

Македонија загуби од Шкотска со 0-2, тоа беше седми меч по ред како не успеваме да дадеме гол. Вечерва не создадовме ниту шанса.

Седлоски уште во текот на првото полувреме почна да прави измени, рано ги извади Херера и Станковски, па на пресот објасни зошто го направи тоа.

„Првите 30 минути не одеше како што треба со Лука и со Херера. Лука кога влегуваше со Словенија и со Швајцарија кога влегуваше даде живост, и мислев дека ќе биде добро. Шкотска не проби од таа страна, и затоа се решив да го заменам и Херера“, истакна Седлоски, кој рече дека триумфот на Шкотланѓаните бил целосно заслужен.

„Шкотланѓаните помоќни, поагресивни, побрзи во дуели, во скок игра, затоа играат таму каде што играат, ние оваа серија на порази, тешко е да се каже нешто, но не застанувам тука“.

„Единствено е што можеме да се носиме е Словенија. Другото е преголем квалитет. Со Словенија тука можеме да се носиме, но за Швајцарија не треба да се зборува. Ние треба да учиме. Покрај тие играчи кои играат во Премиерлигата, јас ставив тројца играчи од македонска лига. Ќе работам, ќе гледам, ова е процес и останувам на истото“, рече Седлоски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×