Килијан Мбапе повторно се најде на удар на јавноста во Мадрид, напаѓачот предизвика нови реакции откако беше забележан како се забавува во Париз со својата партнерка Естер Експосито, и тоа во период кога се опоравува од повреда.
Килијан Мбапе се повреди против Турција, извештаите велеа дека напаѓачот имал среќа што на време го напуштил теренот, во спротивно ризикувал посериозна повреда.
Вака тој треба да паузира 10 до 12 дена, и да му се стави на располагање на Жозе Мурињо веќе на натпреварот против Виљареал на 10. октомври.
И додека „специјалниот“ размислува дали да го поштеди и да го зачува за следните дуели, Килијан Мбапе се најде на удар на јавноста поради своето однесување надвор од терените.
Вчера тој биле забележани во еден од познатите ноќни клубови во Париз како се журка со својата девојка Естер Експосито.
Ова не е прв пат тој да се забавува додека се опоравува од повреда, минатата сезона често имаше вакви излети во период кога навивачите очекуваа тој посветено да работи во Валдебебас за побрзо да ги надмине проблемите.