Кристијано Роналдо на шокантен начин ја напушти репрезентацијата на Португалија, напаѓачот се качи во својот приватен авион и се врати во Мадрид на ден пред натпреварот против Данска.
Кристијано Роналдо од вчера е топ тема во светот на фудбалот, тензијата и недоразбирањата со селекторот Жорж Жезус кулминираа до тој степен што напаѓачот ја напушти репрезентацијата на Португалија.
Кратко по крајот на прес конференцијата на Жорж Жезус, ЦР7 го напушти тренингот и се врати во хотелот, а како што пренесуваат медиумите, тој веднаш почнал да се пакува и побарал неговиот приватен авион, кој се наоѓал во Мадрид, да полета кон Копенхаген за да го земе.
„О Жого“ објави дека капитенот на Португалија не сакал ниту да ги почека соиграчите да се вратат, и си заминал без да се поздрави со нив.
Одредени извори велат дека Жорж Жесус и претседателот на федерацијата, Педро Проенса тргнале по Кристијано Роналдо до аеродромот со надеж дека ќе го убедат да остане и да продолжи со репрезентацијата, но ниту нивниот последен обид не вродил со плод.
Но ЦР7 не сакал да слушне што има тие да кажат, се качил во приватниот авион, во 23:35 часот ја напуштил престолнината на Данска и летнал за Мадрид.
ФОТО: X/Portugal