Наместо смирување, се продлабочува кризата: Роналдо повторно не тренираше! (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Кристијано Роналдо повторно не тренираше со репрезентацијата на Португалија, напаѓачот го напушти стадионот кратко по крајот на прес конференцијата на селекторот Жорж Жесус.

Наместо да се смират тензиите во репрезентацијата на Португалија, се продлабочува кризата.

Селекторот Жорж Жесус на денешната средба со новинарите откри зошто Кристијано Роналдо не одигра ниту една минута против Норвешка, и негираше дека напаѓачот во знак на протест одбил да тренира.

Тој порача дека Кристијано Роналдо денеска ќе работи со останатите играчи, но тоа не се случи.

Кратко по крајот на прес конференцијата на селекторот, Кристијано Роналдо го напушти стадионот и се качи во комбе.

Извештаите велат дека ЦР7 се вратил во хотелот на репрезентацијата во Копенхаген, додека неговите соиграчи го започнале тренингот.

ФОТО: X/Portugal

Можно е и ова да ти се допаѓа

×