Седлоски: Имам златни деца, феноменални фудбалери ќе го дадеме максиумот против Словенија!

by riste
1 минути читање

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски верува дека утре против Словенија ќе одиграме многу подобро отколку што тоа беше против Швајцарија кога разочаравме.

Македонија утре со почеток од 20:45 часот ѝ гостува на Словенија во меч од второто коло во Лигата на нации.

„Мораме да ги поправиме грешките од мечот со Швајцарија. Ќе има освежување во играчкиот кадар и ќе дадеме максимум утре. Словенија во 2024 играше на Европско првенство и тоа кажува многу за нив. Резултатите кои ги имаме ги оставаме позади нас и мислиме само на мечот утре. Со вжештана глава после мечот со Швајцарија и малку лошо се изразив кога кажав дека не сум задоволен. Имам златни деца, феноменални фудбалери. Утре ќе има и освежувања и мислам дека кој и да се појави на теренот ќе даде максимум. Фудбалерите ги бирам јас, и одговорноста е моја“, изјави Седлоски.

Тој напомена дека атмосферата во националниот тим е одлична, и дека има волја и желба за добар натпревар. Напомена дека Словенија е добро анализирана.

„Атмосферата во тимот е одлична и тоа ни дава поголема волја и желба за позитивен резултат од мечот. Ја анализиравме Словенија на мечот со Шкотска“, рече Седлоски.

Предводникот на македонскиот национален тим напомена дека Швајцарија е поквалитетна од сите други и кажа што му била идејата со Костадинов на крилната позиција.

„Не потценуваме никого, но Швајцарија е поквалитетна од сите други екипи во групата. Се надевам дека ќе одиграме на ниво и ќе стигнеме до поволен резултат. Сакам секој да игра на својата позиција. Швајцарија ми беше идејата Костадинов да ја затвори левата страна, но не ни помина тоа. Ќе направам се утре секој играч да игра на своја позиција“, вели Седлоски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×