Манчестер Јунајтед шокиран, најголемиот талент во школата побара да замине!

by bojan
1 минути читање

Голем удар за „ѓаволите“, 15 годишниот вундеркинд Џеј Џеј Габриел побарал да си замине, и тоа сака веднаш да го напушти „Олд Трафорд“.

Шок за Манчестер Јунајтед, најголемиот талент во школата побара да замине. Се работи за 15 годишниот Џеј Џеј Габриел, кој на подготовките за новата сезона дебитираше во првиот тим и доби минутажа против Атлетико Мадрид.

Се очекуваше тинејџерот да се најде и во составот на „ѓаволите“ за утрешниот натпревар против Брајтон во Лига купот, но наместо да биде испишана историја, клубот од „Олд Трафорд“ доби голем удар.

Џеј Џеј Габриел, ко е под договор до крајот на сезоната, побарал веднаш да ја прекине регистрацијата и да стане слободен фудбалер.

Во Манчестер Јунајтед веруваат дека недоразбирањата можат да се надминат, и не се откажуваат од обидот да го убедат „малиот Меси“ да остане во клубот.

ФОТО: X/Manchester United

Можно е и ова да ти се допаѓа

×